Антикорупциска комисија ќе се жали до Вишиот Управен суд за одлуката од Управен суд која беше во полза на екс претседателот Ѓорге Иванов, без притоа тој да ги претстави аргументите пред Антикорупциска, најави претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска.
Иванов поднесе кривична пријава против Антикорупциска за Прекршочна постапка во врска со именувањата и унапредувањата во Армијата од страна на Иванов. Меѓутоа Ивановска тоа го нарече законски тактики и дека случајот ќе го тераат до крај.
Антикорупциска покрена постапка против Иванов за унапредувањата во АРМ во периодот кога веќе беа објавени претседателските избори. Со доаѓањето на новиот претседател Стево Пендаровски во Вила Водно, тој ги поништи овие унапредувања и потпиша нови, а останаа и неколку од имињата за кои потпиша Иванов. Во одлуката на Управен суд која беше во полза на Иванов се вели дека тој не ги претставил аргументите како одбрана пред Антикорупциска и дека не му била доставена одлуката, туку само била објавена на веб страната на Антикорупциска.