Од општина Гази Баба одговорија на барањето на жителите на Идризово за формирање албанска паралелка во училиштето “Његош”. Тие испратија образложение зошто не е можно да биде формирана паралелка во ова училиште, надополнувајќи дека проблемот e решен со обебзедување превоз на учениците до с.Огњанци каде има албанска паралелка.

