Поради тоа, претседателот на комисијата, Исмет Рамадани, вели дека едвај го усвоиле проектот на Кастрати.
ИСМЕТ РАМАДАНИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈАТА:
Сакате да кажете дека и покрај тоа што не ги заслужил тие 100 илјади денари, вие сте му ги доделиле?
Не, сакав да кажам дека едвај го усвоивме неговиот проект.
Што значи тоа?
Значи дека ние сме го имале предвид како име и го усвоивме врз основа на тоа што ни го испратил.
Значи тоа е еден од проектите кои едвај поминале!
Композиторот, Артан Кастрати, повтори дека е автор на над 600 песни и дека неговото дело зборува само по себе.
„Што треба да објасни Артан Кастрати кога ќе излезе и кога ќе ја заврши програма од еден или час и пол со Леонора Полоска? Зарем не е доволно тоа што го направил за албанската култура Артан Кастрати. Сега е оштетен, 25 години, се сомневате во мене? Треба да се сомневате во тие кои земале 500, 400, 300 илјади евра, да видаме каква програма ќе понудат тие“, изјави Артан Кастрати – композитор – апликант.
Обвинувањата на Кастрати за нерегуларности и корупција во Министерството за култура, Рамадани ги нарече лаги и измислици со цел рушење на репутацијата на Комисијата, за која вели дека оценувала објективно. Затоа бара во рок од 24 часа Кастрати да се извини и да ги повлече неговите зборови, инаку како што вели ќе следува кривична пријава.
Кастрати бара извинување но вели дека оваа прашање ќе го води до крај.
„Уште еднаш потенцирам, нормално дека се извинувам, но нема да застанам додека не се разгледаaт моите заслуги и вредности . . . уште еднаш ќе ви кажам или повторно ќе продолжам, но тогаш ќе продолжам со докази. Ќе ги објавам сите тие кои поминале без резултати и ќе ги објавам и роднинските врски и бизниси кои ги прават меѓу себе“, изјави Артан Кастрати – композитор – апликант.
Претседателот на Комисијата побара од Кастрати, со име и презиме да ги каже оние кои биле дел од корупција во Министерството за култура. Кастрати рече дека утре ќе достави жалба до Министерството за култура, што е негово законско право. Денеска тој испрати писмо и до премиерот, Зоран Заев, амбасадата на САД во Скопје и Амбасадорот на ЕУ.
Кастрати за неговиот проект побарал 600 илјади денари, а комисијата му одобрила само 100 илјади денари, сума која предизвика револт кај композиторот. Инаку членови на комисијата се Џенап Самед и Ирена Стерјовска.