Откако германскиот Бундестаг најави дека ќе даде зелено светло за отпочнување на преговорите на земјава со Европската унија, се уште е неизвесно како Франција ќе се произнесе за добивањето датум. Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за ТВ21 изјави дека се уште не е донесена конечната одлука, но истакна дека евентуалното почнување на преговорите ќе значи чекор напред за Северна Македонија.
„Францускиот став се уште се дефинира во моментот. Претходно имаше важни разговори за време на посетата на министерот за надворешни работи Димитров во Париз и беа земени во предвид сите позитивни аргументи кој ги изнесе тој за почетокот на преговорите и навистина ние ги кажавме и нашите размислувања, особено позитивните што беа постигнати врз база на напредокот особено со потпишувањето на Преспанскиот договор“, рече Тимоние.
Според Тимоние префрлувањето на предметите од СЈО во јавното обвинителство има големо значење во унапредувањето на владеењето на правото, бидејќи, како што истакна судските процеси за овие случаи треба да бидат продолжат. Сепак вели голема важност во однос на владеењето на правото е да има разрешница и со случајот Рекет.
„Навистина тешко е глобално кога ќе се разговара за владеењето на правото да не се спомне и овој случај за кој што навистина ќе истакнеме дека сакаме сериозно и реално да биде разгледан и да се стави крај на неказнивоста и кај едната и кај другата страна во однос на политичката елита“, изјави Тимоние.
Амбасадорот Тимоние во врска со најавите дека при одлучувањето за Македонија и Албанија тие нема да се разгледуваат во пакет туку како што истакна ќе бидат земени во предвид заслугите на секоја земја поединечно. Меѓутоа, додава тој, регионалната димензија на Западен Балкан има клучна улога во глобална визија за иднината на Европската унија, но дека индивидуалниот прогрес на секоја земја ќе бидат вреднувани одделно. Инаку германскиот Бундестаг најави дека уште утре и официјално ќе даде согласност да се одобри почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, а на седницата на покана на претседателот на германскиот парламент Волфганг Шојбле ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. Силна поддршка за добивање датум за преговори пристигна и од министрите за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, на Грција Никос Дендиас, на Томина Рамона Манеску и на Хрватска Гордан Гурлиќ за време на сесијата на Генералното собранието на Обединетите нации.