Македонија

Големиот синџир продавници за производи за домот Comodita Home отсега и во Капитол Мол

Во сабота (28 септември) Comodita Home ја отвора единаесеттата продавница во Македонија, во Капитол Мол. Големото отворање е закажано за 12 часот кога Comodita Home ќе ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман на производи. Продавницата е лоцирана во Капитол Мол на приземје.

Потрошувачите ќе може да набават душеци Comodita со атрактивни цени почнувајќи од 4.799 денари. За оние што сакаат да ја освежат спалната соба ќе има попуст до 70% на производи како што се јоргани, перници, чаршафи, прекривачи за кревет, бањарки или ќебиња од најразличните модели. Но, нема да биде запоставена ни кујната која може да се докомплетира со производите од широкиот асортиман што го нуди Comodita Home со попуст.

За уште поголемо задоволство на своите потрошувачи, посебно за оние кои сакаат да набават нов душек, Comodita Home ја креираше најдобрата понуда на пазарот. Со купување на душек Memory со двојна димензија добиватe гратис душек Dream.

Дојдете во сабота на 28 септември во 12 часот и откријте ги сите изненадувања, понуди и попусти на големото отворање на продавницата на Comodita Home во Капитол Мол.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни