Македонија

Потпишан договор за 33 еко-автобуси од марката „МАН“ – „Син Ангел“ низ улиците на Скопје

Прво потпис, ракување, па и гушкање. 

Град Скопје потпиша договор со компанијата „Ауто Хрватска“, која најдоцна до пролетта 2020 година треба да испорача 33 еко-автобуси од марката МАН. Токму оваа компанија на меѓународниот тендер имала најповолна понуда.

-Новите автобуси се енергетски ефикасни. Споредено со потрошувачката на старите дизел автобуси, овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво што дополнително ќе ги намали трошоците работењето на ЈСП Скопје. Еден екоавтобус заштедува до 25 илјади евра годишно само на гориво“, рече Шилегов.

Првиот човек на градот Петре Шилегов вели дека Скопје конечно добива градски превоз кој нема да загадува, и со ова почнува обновата на возниот парк на ЈСП.

Идните автобуси од германски „МАН“ ќе имаат капацитет да примат 85 патници кај единечните возила и 149 патници кај зглобните автобуси. Вакви автобуси веќе се возат во неколку европски земји како што се Норвешка, Унгарија, Полска, Шпанија. Овој тип на автобус во Германија ја поседува ознаката „Син ангел“ и е прогласен за екоавтобус за 2016 година во Европа.

-Овие автобуси сигурно ќе придонесат за подигање на квалитетот на животот во Скопје, бидејќи еколошки се многу поприфатливи во однос на старите генерации на автобуси. Опремени се со сите безбедносни елементи потребни за овие автобуси-рече Марио Фабек од „Ауто Хрватска“.

-Предноста во целата оваа работа е редовно одржување на автобусите во гарантниот ток кој изнесува три години и една од најзначајните карактеристики во целата набавка е тоа одржуње во тек од години, што значи дека ЈСП нема да има издатоци за ништо во текот на тие три години-изјави Кристијан Чушков, директор на ЈСП.

Според договорот 22 авгобуси ќе бидат единечни, а 12 зглобни. Цената на еден единечен автобус изнесува околу 263.000 евра, додека зглобните автобуси ќе чинат околу 334.000 евра. Тие се набавени со заемот во висина од 10 милиони евра, којшто беше подигнат од ЕБОР за оваа намена.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни