Осврнувајќи се на борбата против корупција, Јовевски рече дека тој феномен го разјадува секое општество и затоа е неопходно ефикасно справување и тоа не само, како што посочи, заради Брисел или евроатлантските аспирации, туку заради нас, заради граѓаните и заради државата.
– Владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Северна Македонија, слика на степенот на демократијата е способноста на државата да овозможи тоа да важи подеднакво за сите, истакна Јовевски.
Тој оцени дека конфискацијата на имоти стекнати со криминал е мерка за реално предупредување дека криминалот не се исплатува, таа е силен правен инструмент во борбата против криминалот и корупцијата, што ги погодува сторителите на кривични дела.
– Северна Македонија меѓу првите балкански земји ги имплементираше мерките за конфискација на приходи стекнати од криминал и да ја воспостави законската основа. Но, главен предизвик е се уште практичната имплементација на конфискацијата, оцени јавниот обвинител.