Ако селото е познато по мирниот живот, не е таков и за жителите на Лабуништа. Решад Алиевски секој ден се соочува со ваква глетка. Каменоломот му е стотина метри над куќата. Прашината што доаѓа од каменоломот е неподнослива за неговото семејство.
Освен вознемиреноста што доаѓа од тресењето од експлозиите, прашината предизвикува канцер во Лабуништа, вели Медим Мехмедовски од Иницијативниот совет кој бара запирање на работата на каменоломите или нивна дислокација.
За да дознаеме повеќе, екипата на ТВ21 дојде во центарот на Лабуништа, село со ооколу 9 илјади жители.
Дојдовме на пазарен ден. Главната улица е полна со трговци. Повеќето од нив сакаа да зборуваат за нивниот заеднички проблем.
Веќе цела недела жителите протестираат против. И овој петок го кренаа гласот за доброто на нивното здравје и животна средина.
А што прават јавните власти кои им дале дозвола за работа на каменоломите?
Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко ни рече дека тој заедно со претставници од демонстрантите, концесионерите на каменоломите и секторот на рудници во Министерството за економија, седнаа на заедничка маса и имаат неколку опции како можно решение.
Овие опции се разгледуваат од демонстрантите и Министерството со цел да се најде решение.
Вкупно 5 каменоломи има околу Лабуништа. Како што ни кажа Рамиз Мерко но и жителите, еден од каменоломите добил негативен одговор за работа. Два други ја одложиле работата. Само каменоломите Митранс и Влаши работат во моментов и треба да најдат излез со цел да не им се нанесува штета на жителите на Лабуништа.