Македонија

Стопанска комора бара 50% поголем буџет за образованието: „Инвестирање во образование ако сакаме економски здрава земја“

Стопанската комора бара да се зголемат сретсвата од буџетот за финансирање во образованието, за 50 % од сретствата  кои сега се одвојуваат или од сегашните 3, 7 % да се зголемат на 5%  од БДП. За квалитетен просветен кадар потребен: кариериен развој, работни услови и вреднување на работата на просветните работници – велат од Стопанската комора на Македонија .

-Кога зборувам за инвестиции во образованието се подрзабира, опремување,  изградба и реконструкција на училишта, опремување на лаборатори и посебно  она на што  Стопанската комора инсистира да се воведе дуалното образование, учениците практично да се подготвуваат, за да имаме стручни оспособени кадри, тука влегува  ученичкиот стандар, студентскиот стандард, изградба на  студентски домови,  целиот наставен процес, кој  е сложен процес и кој бара инвестиција, ако сакаме да имаме квалитетно образование-рече м-р Наташа Јанева.

24 276 денари изнесувала  просечната плата на просветните работници   во  2018-та во нашата земја.  Нето исплатената плата изнесувала  394 долари во основното ,  во средното  445 долари и во високото образование 626 долари.  Во Словенија  каде постои  систем на наградување согласно работното искуство наставниците  заработуваат  2 402 долари месечно во основно и 2 531  во средното образование. Наставниците во Финска во основно  заработуваат 2896 долари месечно и  3188 во средно образование.

-Овие податоци укажуваат  на фактот  дека  доколку државата сака да има квалитетно образование кое ќе испорачува стру чни и квалитетни кадри мора да ги зголеми инвестициите во образованието. Со образованието не смееме да експериментираме, ако сакаме да имаме економски здрава и развиена земја.-вели Јанева.

Во Финска како земја каде што  образованието  е на  високо ниво  вкупните трошоци по ученик во осносвно  образование изнесуваат  9 305 долари, во средното 10 482 долари и 10 391 долар во високото  образование. Споредено со  Финска нашата земја за основното  образование по ученик издвојува 8 310 долари помалку, отсапувањето од просекот на Финска е за 89,3 %, за средното образование  отстапување то е  за 87% ,9 127 долари помалку и за  високото образование  90% 9193 долари помалку.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни