Со клима уреди од типот инвертор владата сака да се бори против загадувањето во четирите најзагадени градови, Скопје, Тетово, Кичево и Битола.
Направените анализи покажале дека најголемото загадување е предизвикано од начинот на кој се греат граѓаните, затоа Владата ќе им помогне на сите кои од огрев на дрва ќе преминат на инвертор.
Критериумите за оние што сакаат да аплицираат не завршуваат тука.
Оваа мерка е со цел да се измерат ефектите кои ќе ги има врз животната средина.
Оваа година оваа мерка може да се спроведе според желбата на граѓаните во овие 4 градови, но Анѓушев спомна дека истата во иднина може да се уреди и со закон.
Анализите што ги направи владата покажуваат дека 61% од граѓаните се греат на дрва, 30% на електрична енергија, 8% на котли а 1% со остатоци од дрва, брикети и пелети.