Македонија

Зошто заминуваат младите од земјава? За подобар живот или нови искуства?

Иселувањето на младите од земјава и извештајот на Светска Банка за бројката на иселени лица беа тема на дискусија во емисијата Клик Плус. Пратеничката на ДУИ Шпреса Хадри вели дека миграција имало секогаш и младите си одат бидејќи бараат нови животни искуства.

„Миграцијата постоела секогаш, тоа е тренд кој не се запира и не е присутен само во нашата земја туку секаде во регионот. На пример Словенија и Хрватска кои се членки на ЕУ имаат миграција, младите се во потрага во уште подобар живот“, вели Хадри.

Пратеничката на АА Арта Точи ја обвини државата за вработувањата во администрација, особено за тие кои што седат дома а добиваат плата.

„Нема полошо од вработувањата во администрација, да седат дома и да примаат плата. Тоа е несреќата што им се случува на младите во Македонија. Го пензионираш младиот човек, ја пензионираш младината, ја оставаш дома и и даваш плата. Која е разликата меѓу тој човек и дедо му?“, рече Точи.

Од друга страна пратеничката на СДСМ Ѓилимсере Касапи рече дека со доаѓањето на СДСМ на власт тие се систематизираат постепено на нивните работни места.

„Приоритет веднаш по добивањето на мандатот беше нивната систематизација на работни места на тие млади луѓе. Денес над 1000 лица се систематизирани на нивните работни места“, вели Касапи.

Извештајот на Светска Банка покажува дека половина милион граѓани се иселиле од Македонија, а најголемиот дел од нив е професионален кадар од ИТ секторот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни