4NEWS.mk

Џонсон ќе побара поддршка од Парламентот за договор со ЕУ

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе побара од парламентот да го одобри секој договор за Брегзит што ќе биде постигнат со ЕУ 24 часа пред европскиот самит следната недела, дознава „Тајмс“.

Џонсон денеска ќе поднесе предлог, со барање од пратениците да го поддржат секој договор што тој ќе го обезбеди со ЕУ на самитот од 17-18 октомври, заедно со условите таканаречениот Беновакт, кој го обврзува да побара пролонгирање на Брегзит доколку не се постигне договор, посочува весникот.

Европската унија во петокот се согласи да започне интензивни разговори со Велика Британија за започнување на преговорите за Брегзит, најавувајќи дека може да се постигне договор пред крајниот рок на 31 октомври.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни