Македонија

Инвеститорот се откажал од купување на 1ТВ

Инвеститорот кој склучил договор за купување на 1ТВ, ќе го раскине истиот, пренесува irl.mk

Дамјановски истакнал дека сопственикот во чие име настапува, се премислил затоа што првиот договор бил на помала сума, но откако УЈП објави детали од истрагата за телевизијата, долгот се зголемил на 400 илјади евра.

Договорот за купување на 1ТВ и БМЈ Медиа груп, Дамјановски го склучил во текот на минатата недела со таткото на Боки 13, Миле и Јасна Мандиќ. Дамјановски при склучувањето на договорт ветил инвеститорот ќе ги подмири сите долгови, но после вчерашното обелоденување на УЈП, се премислил.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни