Македонија

Скопска пивара со акција за чистење – „Наша заедничка цел треба да биде Свет без отпад“

Скопска пивара во соработка со компанијата Пако-Мак ги чистеа улиците околу реката Вардар. На акцијата ѝ се приклучија стотици доброволци. Освен нив, акцијата наиде и на поддршка од амбасадорите на Велика Британија,  Холандија и САД.

Генералниот директор на „Пивара“, Дан Тимотин, рече дека нашата заедничка цел треба да биде свет без отпад, но за да се постигне тоа, како што порача, мора да има заеднички придонес.

-Веруваме дека светот без отпад треба да биде нашата заедничка цел и нешто на кое би работеле заедно. Денеска ќе се обидеме да собереме колку можеме отпад, но сепак денешниот ден има друга цел. Целта на денешниот ден е кревање на свеста кај граѓаните. Да покажеме дека секој од нас може да даде свој придонес за постигнување на целта, додека целта се постигнува кога сме обединети и само како такви ќе имаме успех-рече Тимотин.

И директорот на компанијата Пако-Мак, рече дека акцијата ја организираат со цел подигање на свеста кај граѓаните.

Тимотин и Брдаровски ги повикаа граѓаните да бидат внимателни и секој ден да придонесуваат за зачувување на животната средина, бидејќи како што порачаа, само така можеме да испратиме порака и да биде пример за помладите генерации.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни