Договорот од Преспа беше услов за ЕУ и НАТО, вели премиерот Заев, но сепак додава дека иако не добивме датум за старт на преговорите, договорите со Грција и Бугарија треба да се имплементираат.
Како што вели тој треба да градиме пријателства и добрососетство, а не да се караме со соседите. Затоа вели, по Договорот од Преспа добивме пријател, а тоа е Грција со кој има голем потенцијал за соработка во секое поле.