Недобивањето на датум од Европскиот совет и нивните заклучоци, како и можноста да предвремени парламентарни избори, се двете теми за кои се зборува на вечерашната лидерска средба која се одржува во вилата Водно кај претседателот Пендаровски.
Пендаровски се обрати до јавноста по првиот дел од средбата на која сите лидери биле едногласни дека нивната цел е земјава што побрзо да ги почне и да ги заврши преговорите за ЕУ.
„Сите лидери стојат зад идејата Република Северна Македонија што е можно поскоро да ги почне и што е можно поскоро да ги заврши тие преговори со Европската Унија, за да стане членка на Унијата“, рече Пендаровски.
Целата изјава на Пендаровски низ видео: