Македонија

И Чашка како Идризово против албанскиот јазик, родителите Македонци против децата Албанци

Одат во училиште и не ја знаат причината зошто овие луѓе протестираат во 7:30 изутрина.

ТВ21: Добро утро. Од каде сте?

Ученик: Од Бусилце

Јазикот и наставата на нивниот мајчин јазик беа причината зошто жителите од Чашка беа будни од рано изутрина.

Демонстрантите велат дека се родители на децата од школото „Тодор Јанев“ општина Чашка. Тие се противат заедно со нивните деца, во истото училиште, освен македонскиот јазик да се изучува и албанскиот. Еден родител сугерираше учениците Албанци од селата во Чашка да одат и да следат настава во Јаболчиште.

По едночасовниот протест пред училиштето, сите заедно се упатија кон општината. Независно од мотивот на демонстрантите, нив ги пречека градоначалникот на Чашка. По завршување на средбата, излезе и ја даде следнава изјава.

Тоа што го кажа градоначалникот, како што се чини им одговара на демонстрантите и не се плашеа  да го покажат тоа.

Повеќето од учениците Албанци кои учат во училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка се од Бањица и не им е овозможено да учат на нивниот мајчин јазик. Од Бањица до Јаболчиште има 33.6км односно 51 минута патување со комбе или автомобил. Додека од Бањица до Чашка само 12 минути. Отворањето на албанска паралелка во Чашка би го решило проблемот на околните албански села кои би можеле да се школуваат на нивниот мајчин јазик, албанскиот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни