Гласачите го уништуваат гласачкото ливче оставајки различни пораки, а тоа го прават да го покажат својот револт кон политичките партии. Една од најчестите пораки е „Сите сте исти“ вели Џабир Дерала од Цивил.
„Најинтересната порака според нас и на таа што најмногу се смееме е таа каде се додаваат самите себеси и се заокружуваат. Мислам дека таа е една од подуховитите а можеби се крие и некоја амбиција. Има луѓе кои пишуваат во неколку збора дека нема да гласаат за одреден проблем кои се соочиле а кој не му го решил ниту една политичка партија“, рече Дерала.
Бројот на неважечки гласачки ливчиња за секој изборен процер расте. Во последните парламентарни избори бројот на неважечките ливчиња е поголем од гласовите што ги освоија ДПА, Коалицијата за промени и правда, ПДП, ВМРО за Македонија и Левица заедно.
Претседателски избори 2019 вкупен број на неважечки гласачки ливчиња 30.407 во 2014 23.677 неважечки гласови
Парламентарни избори неважечки 2016 – 38.712 гласачки ливчиња, ројот на неважечки во 2014 година бил – 23.428 ливчиња
Локални избори во 2017 година имало 51.000 неважечки ливчиња а пак во 2013 година имало 40.289 неважечки ливчиња“, велат од ДИК.
Да се поништи гласачкото ливче, сепак, е демократско право за изразување на волјата на граѓаните. Дерала додева дека проблем е кога гласачките ливчиња се прогласуваат за неважечки спротивно на стандардите. Има случаеви и кога неважечките гласачки ливчиња се последица на неедуцираност на гласачкото тело кој сериозен проблем на изборната администрација, но и на општеството и системот во целост.