Македонија

Улица Македонија како автопат, граѓаните бараат строги казни за возачите

Иако е забрането, на улица Македонија во Центарот на Скопје речиси непрекинато поминуваат автомобили. Ова им пречи на граѓаните кои бараат итно да се преземат мерки.

ТВ21 неколку пати известуваше за овој проблем и не само што не се преземени мерки, туку е и отстранета рампата која колку толку кога беше спуштена ги спречуваше автомобилите да поминуваат од тука.

„Поминаа 9 месеци откако градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ вети дека на почетокот на улица Македонија ќе се постави електронска рампа. Рампата не само што не е поставена туку е отстранета и старата“, вели репортерката на ТВ21, Алмедина Исмајли.

Од општина Центар сега не упатија да побараме одговор од Град Скопје, бидејќи, како што велат, сега улица Македонија преминала во надлежност на Град Скопје. Се обративме и до Град Скопје но од таму нема одговор. Дозвола за движење и паркирање на улица Македонија имаат само дистрибутерите. Дури и тие на овој простор смеат да се задржат само 15 минути.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни