– И претходно на интервју за 10 минути сте изјавиле дека поблиски сте со Алијанса за Албанците на Зијадин Села. Коалиција ќе направите пред или по изборите?
– Нашата цел е да направиме коалиција пред изборите со цел да се зголеми довербата кај граѓаните. Албанците имаат желба да не видат обединети пред изборите за да бидат сигурни дека нивниот глас ќе биде за победниците. Јас сметам дека во тој правец и ние како политички партии треба да ги градиме нашите политики врз основа на барањата на граѓаните и доколку тие бараат сигурност за да им се врати надежта, ние треба да им го дадеме тоа-рече Гаши.