Балкан

Александар Вучиќ најави оставка од претседателската фуннција в недела

Александар Вучиќ најави оставка од претседателската фуннција в недела

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека в недела, на 27 септември 2026 година, официјално ќе поднесе оставка од функцијата шеф на државата. Обраќањето до јавноста, на кое тој детално ќе ја образложи својата одлука, е закажано за 20:00 часот.

Оваа неочекувана одлука следува по неговиот престој во Њујорк, од каде што и ја соопшти веста. Според првичните информации, главниот мотив за ваквиот чекор е неговото директно вклучување во претстојниот изборен циклус и изборната кампања во земјата. Пред да стапи на сила оставката, српскиот претседател најави дека има намера да ги финализира разговорите со рускиот претседател Владимир Путин во врска со отворените прашања поврзани со Нафтената индустрија на Србија (НИС).

По повлекувањето на Вучиќ, функцијата вршител на должноста (в.д.) претседател на Србија, согласно уставните процедури, привремено ќе ја преземе актуелната претседателка на Народното собрание, Ана Брнабиќ. таа ќе раководи со државата до распишувањето и спроведувањето на вонредните претседателски избори.

Политичките аналитичари веќе го оценуваат овој потег како стратешки маневар кој сериозно ќе ја разниша и редефинира српската политичка сцена во пресрет на изборите. Повеќе детали, како и официјалните причини за повлекувањето, се очекуваат за време на неговото најавено телевизиско обраќање во недела навечер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни