Македонија

Данев до Заев: Многу гласови добивте поради ветувањата за чист воздух, а загадувањето е поголемо

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, денеска на седницата за пратенички прашања се обрати до премиерот Заев дека многу гласови ги добиле поради ветувањата за чист воздух, дека се шетале со маски по улиците, а дека од тоа нема ништо.

„Многу гласови добивте поради ветувањата за чист воздух. Се шетавте со маски, но сега гледаме дека од тоа нема ништо. Да бидеме реални до граѓаните“, рече Данев.

Заев му врати дека во моментов Владата со мерки се бори против загадувањето.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни