Македонија

Судење за „Ласкарци“: Сведочат преживеаните патници од автобусот

Денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци. Сведочат преживеаните патници од „автобусот на смртта“.

Нивните сведочења ќе дадат дел од одговорите што се случи кобното попладне кога автобусот на „Дурмо Турс“ од Скопје кон Гостивар излета од патот и се преврте во Ласкарци.

Патникот кој седел во првиот ред кој седел во првиот ред, рече дека возачот,  на денот на трагедијата во неколку наврати го користел мобилниот , од скопската автобуска станица до патарината кај Глумово.

По несреќата, тој скоро цел месец бил хоспитализиран во болницата 8-ми септември, со 12 искршени ребра и 2 пршлени. Оштета ќе бара, а дали обвинетите кривично ќе се гонат остава да одлучи Судот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни