Македонија

Караванот на Движењето „Анти Коцкање“ продолжува во неколку градови

„Денеска сме во Битола со лабиринтот наречен лабиринт на животот стапица или надеж.
После сите средби на движењето со пратеници,лидери на политички субјекти,министри,премиер,претседател на државата и поред многу ветувања ситуацијата на терен е влошена,се даваат дозволи на ланец на обложувалници под мотото ” животот е игра” за нас животот  не е игра бидејќи за некои семејства стана пекол.
Лабиринтот е симулација на казино,како темно место,со многу мистерии,тоа е стапица каде што паднале многумина  од нас и за жал завршиле со трагични последици.
Оваа е еден начин на протестирање  да се почитува сегашниот закон и да се донесе новиот закон за игри на среќа.
Да потсетиме дека барањата на Движењето Анти Коцкање се:
1)Сите објекти на игри на среќа да се ореместуваат 3 км.од сите населени места.
2)Доделување 5% од добивката од коцкање за поправка на јавни објекти и финансирање на здруженија и центри кои организираат активностиза рехабилитација на зависниците од коцкање.
3)Развивање на стратегија  во образование за социјалната штета која се предизвикува од коцкање“, се вели во соопштението на Движењето „Анти Коцкање“.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни