Македонија

Кој се грижи за безбедноста на работниците? Синдикатот обвинува: Не ни даваат информации за повредите на работниците

Во средата, на улица „Гоце Делчев“ Куманово, беа повредени десет работници кои вршеле градежни активности, откако железната мрежа врз која се градат темелите на една палатата, паднала врз нив. Синдикатот на работниците, пред Министерството за транспорт и врски, одржаа прес конференција. Обвинија дека и покрај тоа што нивниот синдикат побарал службен одговор за повредените работници, не добиле.

Во каква состојба се повредените работници ја прашавме директорката на кумановската болница, Снежана Захариева. Таа телефонски ни рече дека 5 работници биле префрлени во скопските болници, а другите биле третирани во кумановската болница и се пуштени на домашно лекување.

Од скопската болница каде се сместени повредените, не ни дадоа информации за нивната здравствена состојба.
Според Хелсиншки комитет, во 2018 година, просечно имало 124 повреди, а на годишно ниво 33 лица го загубиле животот на работното место. Во нашата земја, од 2010 до 2018, животот го загубиле 318 работници, а повредени биле над 890 работници.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни