Македонија

Ветување старо повеќе од 10 години, остаревме чекајќи го трамвајот во Скопје

Прво Ристо Пенов, а потоа и Трифун Костовски ја промовираа идејата за трамвај во Скопје. За време кога Костовски беше во градоначалничката фотелја до 2009 година овој проект ја помина само првата фаза односно до дефинирање каде ќе бидат постојките на трасата. Костовски мандатот го заврши со обвинувања дека бил опструиран во реализацијата на овој проект, за што тој и во јануиари годинава повторно тврди.

„Проектот трамвај ни најмалце не е наивна работа и јас го оставив буквално со завршена прва фаза финален проект. Требаше да биде изведен во три фази. Трасата беше дефинирана само требаа да бидат утврдени постојките. Тоа беше прилчината што јас како градоначалник не чепнав ниту еден денар од оние 7, 8 милиони евра што останаа на крајот на мандатот чекајќи дека ќе се јави фирма, бидејќи бевме претходно договорени со одредени фирми изведувачи на такви проекти, но тие фирми беа заплашени од тогашната власт, да не се јавуваат бидејќи јас сум градоначалник во заминување, дека тие ќе го опструираат тој проект“, рече Трифун Костовски.

Трамвајот беше ветувања и на локалните избори на екс градоначалникот Коце Трајановски кој беше во фотелјата на прв човек на Град Скопје од 2009 до 2017. Трајановски стартот на реализацијата на проектот го најави уште во ноември 2011 година.

„Ова е многу значаен проект на градот Скопје. Значи изградбата на трамвајската линија е во должина од 15 километри од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Анализите покажуваат дека исплатлива е инвестицијата
И актуелниот градоначалник како во кампањата така и две години по изборот трамвајот е се уште во планирање. Во јануари годинава рече дека сериозно работи за реализација на проектот“, рече тогаш Трајановски.

„Градот Скопје во текот на минатата година сериозно работеше за можноста односно доведување на квалитетна документација за градот да започне со реализација на шински превоз односно трамвај. Очекувам дека до крајот на февруари месец ќе ги дефинираме изворите на финансирање заедно со Владата со цел да започне изградбата на трамвајскиот превоз во градот.“, рече Шилегов.

Деновиве и премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања најави дека една од мерките за справување со загадувањето ќе биде воведувањето на трамвајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни