Македонија

Две тешки сообраќајки на Плетвар и две превртени возила

Претпладнево во две тешки сообраќајни несреќи, биле превртени две патнички возила, дознава ТВ21. СВР Битола ги потврди сообраќајките, но засега без повеќе детали.

„Околу 9:30 била пријавена сообраќајна незгода и превртено возило. Нешто подоцна во 11:30 се случила уште една незгода и исто така имало превртено возило. Деталите ќе бидат соопштени подоцна“, велат од СВР Битола за ТВ21.

Од наши читатели добивме информации дека патот на Плетвар е лизгав и предупредуваат на внимателно возење.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни