Македонија

Земјиштето е на жителите или на државата? Градоначалникот им одговори на демонстрантите

Земјиштето за кое пред неколку дена протестираа жителите на општина Врапчиште, е државно земјиште а не „вакуф“ како што тврдат жителите, рече првиот човек на општина Врапчиште, Исен Шабани.

„Земјиштето за кое протестираа тој ден жителите, е продадено. Станува збор за 28 илјади метри квадратни, во сопственост на Република Македонија. Иницијативата била приватна од 2018 година, кога во тоа време управуваше Министерството за транспорт и врски. На 4 декември 2018, Владата донесе одлука адвокат на Владата да не биде Министерството за транспорт и врски туку општината“, вели Исен Шабани.

Жителите пред 5 дена протестира на местото каде ќе се изгради фабриката, која го купила земјиштето, и тврдат дека е „вакуф“ наследен за нивните потреби, а е продаден за многу ниска цена без да бидат тие консултирани.

„Земјиштето е „вакуф“, имот на сите жители на село Врапчиште. Не може ниту локалната ниту централната власт да ја продаде без согласноста на граѓаните. Затоа бараме од надлежните институции кои го продале тој имот, да го откажат договорот поради тоа што нема согласност од страна на сите жители од село Врапчиште.“, изјави Небит Сулејман од Организацискиот одбор.

„Дали можете да направите разлика меѓу „државен имот“ и „вакуф“. Ова е вакуф и точка. Секогаш се знае кој го оставил вакуфот и кој може да го користи“, изјави жител на село Врапчиште.

Градоначалникот на Врапчиште тврди дека единствени сопственици на тоа земјиште биле неколку компании во монистичкиот систем, а по независноста никој не фигурира како сопственик. Тој се сомнева дека некој манипулира со жителите со цел тие да помислат дека се сопственици на земјиштето

“Тие жители се манипулирани“, вели градоначалникот.

ТВ21: Од кого?

„Неколку поединци манипулирале со нив, јас ги оправдувам но тие не ја знаат вистината. Сега ако некој мисли дека во текот на ноќта може да собере една одаја со мажи и да не врати во 18 век и да го спроведеме Уставот на Лек Дугаѓини, јас не сум над законите, јас не можам да го почитувам тој Устав. Јас го почитувам Уставот на РМ“.

Жителите најавија порадикални мерки доколку не се откаже договорот и не им се врати имотот. Градоначалникот Шабани за тв21 рече дека е подготвен да се сретне со граѓаните во општина за да им го објасни случајот. Тој вели дека оваа прашање го спомнал и во текот на неговата кандидатура како начин за привлекување на инвестиции со кои ќе се отплатат долговите, ќе се зголеми вработеноста и ќе се развие општината, нешто што го спомнал и во емисијата Клик Плус во 2017 година.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни