Македонија

Пендаровски се сретна со италијанскиот претседател Матарела (ВИДЕО)

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, денеска престојува во официјална посета на Италија. Пендаровски денеска се сретна со италијанскиот колега Серџо Матарела. Пендаровски беше пречекан во Рим со сите почести.

Пендаровски ќе има средба и со претседателот на Долниот дом на италијанскиот Парламент, Роберто Фико, како и заедничка средба со сенаторот Еторе Личери, претседател на Комитетот за европски прашања, сенаторот Лучијано Д’Алфонсо, претседател на групата за пријателство со Интерпарламентарната унија и членови на комисиите на Сенатот за надворешни работи, одбрана, европски прашања и на групата за соработка со нашата земја.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни