Македонија

СОНК го стави во мирување најавениот штрајк – му даде време на МОН да одлучи за нивните барања

СОНК одлучи да го одолжи најавениот штрајк на 11 ноември. Претседателот на синдикатот, Јаким Неделков, рече дека утре ќе биде соопштен евентуалниот договор меѓу МОН и Синдикатот, според кој се исполнува нивното приоритетно барање, покачување на платите од 1 јануари.

Министерот Адеми рече дека не сака да брза и да донесе погрешна одлука. Додава дека се уште се во тек финалните консултации за да се постигне договор кој ќе биде прифатлив за двете страни.

Неделков настојува покачувањето на платите да почне од 1 јануари 2020 година, а за другите барања да се одлучува во следниот период.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни