Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по средбата во Охрид, рече дека ова е многу значајна иницијатива и за кратко време биле договорени значајни работи.
„Кога ќе воведеме дежурства за инспекции на границите, само на одредени премини помеѓу земјите ќе биде заштедата околу 129 милиони евра. Да не зборувам како ќе им биде лесно на производителите на зеленчук. Инвеститорите да разменуваат инжинери и работници, да влегуваме во Албанија само со лични карти. Горд сум на овој договор“, рече Вучиќ.