Македонија

Со мотоцикл удриле во паркирано возило, мотоциклистот и сопатничката пренесени во болница

На 09.11.2019 во 20.50 часот на ул.„Козле“ во Скопје, мотоцикл  „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(39) од Скопје, удрил во паркирано патничко возило „тојота јарис“, со скопски регистарски ознаки. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот Т.П.(40) од Скопје, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни