Македонија

Избегал од домашен притвор: Поранешниот телохранител на Мијалков во бегство

Драганчо Стоименов, поранешен телохранител на екс-шефот на УБК Сашо Мијалков, е во бегство. Стоименов, познат и како Дацо Белски не бил дома при проверка на полицијата дали ја издржува мерката притвор, па сега има статус на бегалец. Полицијата го известила Судот дека притворениот не ја почитува мерката, по што по наредба на Судот се преземаат мерки тој да се пронајде. Поранешниот телохранител на Мијалков на почетокот на годинава учествуваше во престрелка пред кафеана во Кочани, при што рани човек. Тој неколку месеци беше во бегство, но потоа им се предаде на надлежните. По неколку месеци во Шутка, Судот му одреди мерка домашен притвор.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни