Дозволата за градење беше издадена во декември 2013 година, а каментемелникот беше поставен на 28 ноември 2018 година, точно пред 5 години. Артан Аслани, в.д. директор на Центар за култура, под чии надлежности е изградбата на објектот. Тој се надева дека предвремените избори нема да претставуваат пречка за започнување на втората фаза – изградба на внатрешноста на театарот, за што ќе биде потребно да се објави нов тендер.
„Ние веќе работиме на втората фаза. Се очекува овие денови да добиеме зелено светло и извештајот за втората фаза да се испрати до Влада за усвојување на предвидениот буџет во износ од околу 26 милион евра. Стравуваме дека ќе има пречки поради предвремените избори, но доколку стигне во текот на декември во Влада, верувам дека ќе можеме да преминеме на втората фаза.“, вели Артан Аслани, в.д. директор на Културниот центар.
Доколку втората фаза започне во 2020 година, за 3 години новата сцена ќе биде подготвена за актерите. Тие и целиот персонал од 2007 година, кога е основан тетовскиот театар, се кираџии на Дом за култура.
„Итна потреба е да имаме театар. Не само за вработените на тетовскиот театар туку за сите тетовци. Ова треба да се сфати како жртвување на актерите и вработените на театарот, што досега немавме театар и функциониравме во рамките на Дом за култура, при што еднаш неделно имавме слободна сала и тоа се ненормални услови театар да функционира во таков простор.“, рече Исмани, директор на тетовскиот театар.
Актерот, Хасим Мемиши – Сопи, се надева дека новиот објект ќе биде готов што поскоро бидејќи, како што вели, им е тешко да функционираат во Дом за култура, кој постојано е зафатен и затоа понекогаш пробите ги одржуваат навечер.
„Ние ги почнувавме пробите некаде во 9 навечер и ги завршуваме во 3 часот по полноќ. Често се шегувам со помладите колеги, кои само што дипломирале, им велам доколку вие успеете да играте во новиот театар ќе биде супер бидејќи не верувам дека ние ќе го доживееме тоа.“, рече Мемиши-Сопи.
Потсетуваме дека овој проект за прв пат беше дел од изборната платформа на ДУИ во 2014 година, со ветување дека ќе заврши во 2016 година, а сега се предвидува да заврши во 2023 година. Објектот е проектиран да биде мулти-функционален центар, каде освен театарот и градската библиотека, се предвидува да има и кино сала и ресторан на покривот на објектот.