Македонија

Родители однесле мртво новороденче во Битолската болница

Мртво новороденче било донесено вчера од страна на родителите во Клиничката болница во Битола, соопштија од Битолската полиција. Вчера околу 13,35 часот од Болницата во СВР Битола било пријавено дека кај нив е донесено починато новороденче без траги на насилство, пишува Апла.мк

Полициски службеници констатирале дека бебето било донесено од родителите Р.А.(24) и Р.Н.(24), двајцата од Битола. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе ќе биде предадено за обдукција. Од СВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни