Адвокатот Сашо Дуковски на денешната прес конференција во врска со здравствената состојба рече дека Бојан Јовановски секојдневно трпел омаловажување.
Дуковски рече дека дури и лекари од затворот и останатите служби разговарале и го омаловажувале со зборовите: “Па нека умре п*дерот”.
Дуковски додаде дека нема никаков лекарски третман за Бојан Јовановски во затворот иако специјалист препишал терапија поради животнозагрозувачката состојба на Јовановски.
Адвокатот најавува и кривична пријава за затворскиот лекар.