Жителите на селата Танушевци и Малино скоро три недели живеат во мрак, без електрична енергија. Жителите на двете села, со кои зборуваше ТВ21, велат дека никој не се грижи за нив и покрај фактот што на секој изборен циклус им ветуваат подобар живот.
Отидовме и до општина Чучер Сандево, за да прашаме за проблемите со електричната енергија, но градоначалникот не беше таму.
Од ЕВН велат дека нивните екипи постојано се на терен и дека работат за санација на дефектите во овие села.
Освен за недостигот на струја, жителите се жалаат и за многу други проблеми како што се: неасфалтирани патишта, нефункционален здравствен систем, недостиг на канализациона мрежа.