Основното јавно обвинителство не одговара на пријавите на активистите на „Еко Герила“. Оваа организација ги пријавила заканите, но и понудата за поткуп кои ги добила за да се откаже од протестите и барањата за затворање на фабриката Југохром во Тетово. Аријанит Џафери синоќа во емисијата „Клик Плус“, рече дека понудите за да ја држат затворена устата достигнувале дури до 250 илјади евра.
Освен ова, Џафери рече дека Садула Дураку и Кочо Анѓишев преговарале за да не се затвори фабриката. Вицепремиерот Дураку, уверува дека не вршел притисок, ниту уцена на Еко активистите, а ниту пак им нудел пари.
Од Кабинетот на Кочо Анѓушев, велат дека изјавата на Аријанит Џафери е неоснована.
Од ОЈО велат дека немаат отворено истрага за овој случај, додавајќи дека ги следат сите информации кои кружат и дека ќе дејствуваат веднаш штом ќе утврдат елементи на кривично дело.