Македонија

Албанец на СДСМ „in“, а на ДУИ „out“ – функционерите негираат дека има партиски вработувања во МВР

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, тврди дека МВР не е партиски штаб. Ова беше неговата вчерашна изјава за ТВ21, одговарајќи околу рокадите кои се прават во МВР, односно дека се отстранува кадар близок до ДУИ, а се именуваат луѓе блиски до СДСМ.

Всушност, фотографиите и видеата го покажуваат спротивното од она што го тврди Зекири – дека МВР не е партиски штаб и дека „поминало времето кога некој МВР го третирал како партиски штаб за време на режимот ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ“.

Овие снимки покажуваат дека луѓе блиски на СДСМ се назначени на функции во МВР.

Еден од нив е и случајот на еден вработен, за кој ТВ21 извести пред неколку дена околу рокадите на граничниот премин Блаце, фотографии кои ја покажуваат неговата блискост со СДСМ.

ТВ21 ќе го сочува неговиот идентитет и функција како полициски службеник, бидејќи и самиот не прифати да говори пред камера. Истото лице беше дел во претседателската кампања во поддршка на Стево Пендаровски.

ТВ21 поседува и фотографии од лице кое исто така било преместено од неговото работно место, фотографии со кои се докажува неговата блискост со ДУИ, како оваа на која се гледа како на еден собир стои блиску до Блерим Беџети. Освен Зекири, и заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во писмен одговор за случајот во Блаце, негира дека има унапредувања на партиска основа.

Сепак, Нухиу ниту денеска не прифати да говори пред нашата камера околу ова прашање. Неговиот сопартиец, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, пред неколку дена, изјави дека никој не смее во својата административна работа да се казнува поради политичките убедувања.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, систематизацијата во МВР ја нарече гимнастики на власта, кои имаат за цел да го опструираат техничкиот министер, кого опозицијата треба да го именува за еден месец.

Деновиве, ТВ21 извести за два случаи, еден на граничниот премин Блаце, а другиот на Табановце, каде високи полициски службеници беа преместени од нивните работни задачи. Поточно, изворите на ТВ21 велат дека од нивните работни позиции е тргнат кадар близок на ДУИ, а на нивно место поставени се луѓе блиски на СДСМ, со цел, како што велат изворите, СДСМ да ги зајакне клучните позиции во полициските структури, пред да биде назначен новиот технички министер за внатрешни работи.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни