Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, изјави дека правосудниот систем во земјава е гнил, дека сѐ уште судат луѓе вработени од претходната власт и дека продолжуваат да се издаваат наредби преку телефон – кој како да дејствува.
-11 години беа на власт и знаеме на кој начин. Ги слушнавте „бомбите“? Мијалков со Муса Џафери и Блерим Беџети ги правеа листите кој ќе биде судија-вели Зекири.
По ваквите обвинувања, Блерим Беџети телефонски се вклучи во емисијата и ги отфрли тврдењата на Зекири.
-Доста со оваа демагогија и клевети. Нека се договори со својот патрон, за да не го демантираат секој ден. Тој манипулира со јавноста, дури и неговата партија го демантира. Тој е сервилен-изјави Беџети.
За да го потсети Беџети како се назначувани судии за време на претходната власт, од својот телефон ја пушти „бомбата“ во која разговараат Муса Џафери и Блерим Беџети.
Блерим Беџети: Еј Муса како си? Како иде?
Муса Џафери: Добро, еве излезен сум, еден разговор имам, пред да одам накај дома. Ти?
Блерим Беџети: Муса, утре е изборот на обвинители, ми се јави Гордана, едно место кое е наше, ме замоли дали може да им го оставиме ним?
Муса Џафери: Каде на пример?
Блерим Беџети: Во Обвинителството во Скопје, бидејќи кандидатот бил синот на Претседателот на Апелациониот суд. Рече, знам дека е ваше местото, ама дека е важно место.
Муса Џафери: Да ама, треба да ни дадат на друго место. Бидејќи ние станавме веќе… Ај размисли ти што можат да ни дадат.
Блерим Беџети: И последниот пат кога имало избор на обвинители, едно наше место му дадов на Михајло.
Муса Џафери: Е и овој сега… две места.
Зекири и Беџети продолжија со меѓусебните обвинувања.
-Ти си само еден аргат таму, ништо повеќе-рече Беџети.
-Кој сум јас, а кој си ти, знае јавноста г.Беџети. Да бидеш аргат на Мијалков е навистина многу лошо и тешко е да се одбрани таква работа-врати Зекири.
И Зекири и Беџети во текот на дебатата изразија подготвеност да се соочат очи в очи.