4NEWS.mk

МВР: Познат идентитетот на дадилката која малтретираше дете во игротека во Аеродром

Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен на настани информира дека вчера во 15:57 часот полициски службеници ја уапсиле Ж.П.(59) од Скопје.

Дадилката, која поради напад на дете ги разгоре социјалните мрежи, била приведена по пријава од  М.А., сопственик на угостителски објект каде Ж.П. го извршила нападот.

-Тој пријавил дека во игротеката во угостителскиот објект, пријавената физичка нападнала малолетно дете. По преземени мерки било утврдено дека таа била ангажирана да работи како дадилка кај Д.Д.(43) од Скопје и физички го нападнала нејзиниот двегодишен син, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни