Македонија

Мицкоски: Темата со одлуката на Уставниот Суд ми изгледа како стапица, оваа тема им одговора на СДСМ и Заев

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше одлуката на Уставниот Суд за аболиција на неколку осуденици, меѓу кои се наоѓа и поранешниот премиер и претседател на партија Никола Груевски. Тој рече дека сето тоа му делува како предизборна стапица.

„Гледам дека станува актуелна темата со одлучувањето на Уставниот Суд, симтоматично преку ноќ, и на само неколку месеци пред изборите. По се изгледа самата тема стимулирана од провладините структури, ми изгледа за предизборна стапица каде нужно ќе се навраќаме како јавност на старите теми, се со цел да се заборави она што е вистински актуелно, а тоа се десетиците коруптивни и криминални зделки кои остануваат не само неказнето, туку за кои нема ниту истраги, како кеш, вирус, рекет 1 и 2, набавка на хелкоптери, тепање на вработен во општина од градоначалник, криминалци на слобода…“, рече Мицкоски и додаде:

„Кога станува збор за аболицијата како принцип, и особено што на чело на Владата имаме некој кој веќе поминал низ тој процес и е аболиран, ќе кажам дека сум човек кој не верува и не поддржува аболиција како принцип, особено што целата оваа дебата ми личи за подготовка на терен за некоја идна аболиција на Заевци и луѓето од власта кои се плашат од одговорност за аферите сега, како и еден вид закаснета испорака од власта за услуги кај дел од луѓето, добиени за чекорите превземени во изминатите месеци.

Иако сега власта ќе крева прашина, ќе создава вештачки непостоечки теми и хипотези, и ќе истакнува колку тие се против, сепак останува фактот дека ова е тема која единствено им одговара на Заев и СДСМ.“, додаде претеседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни