Секое надгласување на македонските судии на албанските во Уставниот суд за Законот за јазици, секој обид на Министерството за правда да направи измени без усогласеност на целата влада и без консензус во Собранието е поместување на македонско алабанскиот баланс кој се вопоставува со Законот за јазици и ќе отвори зачаран круг и спирала што ќе не помести од патот по кој сме тргнале.
Ваков заклучок изнесе вицепремиерот Бујар Османи по повод последната одлука на Венецијанската комисија за Законот за јазици и вчерашните најави на премиерот Зоран Заев дека измени на Законот ќе има.
Османи рече дека е задоволен од извештајот на Венецијанската комисија особено затоа што дал позитивно мислење за двојазични монети и униформи за штоо сега дома ќе се постигне конечното решение.