Во живо Избори во Србија и Бугарија Вклучувања во живо од Белград и Софија Гледај
Македонија

Скопјанец доби кривична: Преку Фејсбук му се заканувал на премиерот

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против М.С.(49) од Скопје поради основи на сомневање за сторенo кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, казниво по чл.144 од Кривичниот законик.

На 08.12.2019, по добиена пријава за објавени сериозни закани по живот по пат на
информатички систем (на социјалната мрежа Фејсбук), насочени кон Претседателот на Владата на РС Македонија, Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, изврши претрес  во домот на М.С., при кој се откриени и одземени предмети во врска со кривичното дело, а лицето е приведено.

За случајот е известен дежурен јавен обвинител.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни