Граѓаните сметаат дека државата се шегува со нив преку мерката „Мој ДДВ“. Дел од анкетираните велат дека оваа мерка е срамна, а други со став дека е сомнителна.
Претходно од УЈП најавија дека до денеска на граѓаните ќе им бидат вратени парите од ДДВ. Меѓутоа, не сите граѓани добиле поврат на средства.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, рече дека во текот на месецот ќе им бидат исплатени средствата на сите граѓани кои скенирале фискални сметки.
Граѓаните кои добиле 1.800 денари за првото тримесечје ја оценуваат мерката како многу добра.
Министерството за финансии најави дека за два дена почнува и наградната игра „Мој ДДВ, моја награда“. Граѓаните кои скенираат фискални сметки имаат можност да добијат парична награда, чија вредност достигнува до половина милиони евра за една година.