Оваа спомен плоча на Мехмед Паша Дерала се наоѓа во комплексот Арабати Баба Теќе во Тетово. Непознати лица со црн спреј ја демолирале фигурата на народниот херој. Одговорен за комплексот Арабати Баба Теќе е Џемали Сејдиу кој вели дека не видел кој го сторил тоа.
„Да ви кажам право јас разбрав кога ми кажаа, дознав дека се случило нешто со бистата на патриотот и албански херој, Мехмед Паша Дерала што се наоѓа во комплексот Аарабати Баба Теќе“, изјави Џемали Сејдиу, одговорен за комплексот.
Освен што е измачкан со боја, овој споменик е поставен и на погрешно место, вели Џемали. Тој неколку пати видел некои лица како вршат физиолошки потреби во близина на споменикот.
„Доаѓаат необразовани луѓе, јас не можам на сите да им кажувам, на тие што имаат физиолошки потреби, и ние имаме тоалет, но некои ги мрзи да одат до тоалетот и самите може да видите што прават овде, вршат нужда кај споменикот“, истакна Џемали Сејдиу, одговорен за комплексот.
Споменикот го поставил Здружението на ветерани „Кале“ во 2008 година.
„Во 2008 го поставивме споменикот, имавме желба како воени ветерани и сами го изработивме. Се што е направено, ние го направивме. Јас денеска дознав дека е демолиран. Ве уверувам дека многу брзо ќе го репарирам“, посочи Изаир Самиу, претседател на здружението.
Прашавме и во СВР Тетово, но од таму велат дека не пријавен таков случај во полиција. Мехмед Паша Дерала е родил во 1843 во Градец, Тетово, како син на Хасан Паша Дерала. Тој бил министер во владата на Исмаил Ќемали. Се школувал во Скопје, Битола и воените институции во Истанбул. Во 1878 негови роднини учествувале на средбата во Призрен како делегат од Тетово. Починал во затвор во Подгорица каде се вели дека бил отруен.