Македонија

Законот за јазици и „Рекет“ теми во „ClickPlus“

Клучните забелешки од страна на Венецијанската комисија се за употребата на Законот јазици во судските простапки поради евентуално нарушување на ефикасноста на правдатата.

Во синоќешното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, министерката за правда, Рената Дескоска рече дека во моментов има законска рамка за употреба на јазиците која е регулирана во судските постапки.

„Во законот за кривична постапка, секој, без разлика на етничка припадност и без оглед на државјанство ако се најде во улога на обвинет во нашата држава тој има право на употреба на сопствениот јазики тоа е право кое е загарантирано со меѓународни конвенции вклучувајќи ја и Европската конвенција“, изјави Рената Дескоска, Министер за правда.

Универзитетската професорка и кандидат за претседател во последната изборна трка, Гордана Силјановска Давкова смета дека Законот може да се употребува надвор од државните органи, но не и во нив.

„Погрешната интерпретација на оној став употреба-злоупотреба дека во органите на државната власт може да се употребува и законот над 20% на начи утврден со закон. Видете, на можеби 10 места овде пишува дека „shall“ и „Will“ треба да се замени со „May“. Тоа е диспозитивна одредба, тоа покажува дека индивидуите може пред органите на државната власт, пред судовите или локалната власт да го употребуваат тој јазик, ама внатре во судот или владата не!“, истакна Гордана С.Давкова, професор.

Дескоскоска додава дека овој закон дури и се злоупотребува, со цел одолговлекување на судски процеси.

„Имавме обид на злоупотреба на законот за јазици од адвокатот на Никола Груевски. И тука се поставува прашањето, дали практично обидот да се опструираат процесите кои што се водат против поранешната власт и лица на кои не им е мајчин јазик албанскиот, но сега се злоупотреба преку адвокати и преку други само за да се одолговлечи судската постапка“, додаде Дескоска.

Силјановска-Давкова пак се чуди кој го пишувал Законот за јазици, бидејќи според неа тој е катастрофален.

„Или законот го пишувал некој кој не е правник или пак бил напишан од некој од надвор, па потоа преведен бидејќи е катастрофа.Законот нема преодни и заврши одредби, тоа не недозволиво“ вели Давкова.

Тема на разговор во дебатниот магазин беше и аферата „Рекет“, за која и двете професорке се согласија дека е одлично сценарио за филм. Дескоска вели дека тој предмет е креиран од некој, а Силјановска-Давковка не верува дека само Бојан и Катица се сами во приказната.

„Случајот „Рекет“ мислам дека е неверојатен случај. Очигледно дека не е случаен, туку креиран сега веќе во јавноста слушаме одредени снимки кои ја откриваат заднината на одредени настани. На крај наместо рекет ќе излезе дека е поткуп“, посочи Дескоска.

Дескоска додаде дека таа не е опција за технички премиер за изборите за кои пак вели дека не е сериозно доколку тие се одложат.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни