Македонија

На протест и кумановци, секоја есен исти проблеми – енормно загаден воздух

Се качи на споменикот на „Батко Ѓорѓија“ за да се слуша подобро. Со маски и со транспаренти во рацете, денеска во Куманово се протестираше против загадувањето на воздухот. Граѓаните излегоа на градскиот плоштад за да го кренат гласот против енормното зголемување на ПМ10 честичките. Организаторите на протестот велат дека секоја есен се соочуваат со вистиот проблем. Со оглед на тоа дека Куманово нема тешка индустрија, големиот број на автомобили и греењето на дрва, се главните фактори за загадувањето.

На протестот се очекуваше да учествува и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, но тој не се појави. Од општина велат дека последните денови улиците на Куманово се прскаат за да се намали загадувањето на воздухот. Општинските служби во соработка со Факултетите за земјоделски науки и прехранбена технологија, прскањето го направат во текот на ноќните часови.

„Средството наречено Атонизер, со кое се спорведува методата, се поставува во приколка на трактор и во придружба на автомобил од МВР се врши прскањето на улиците. Со оваа метода се врши намалувањето на концентрацијата на ПМ10 кои се собираат на улиците“, велат од Општина Куманово.

Експертите од Факултетот за земјоделски науки и прехрамбена индустрија, ќе вршат мерења на концентрацијата на ПМ10 честичките пред и по прскањето и потоа ќе се направи анализа на резултатите. Доколку оваа метода е успешна, од општина Куманово велат дека ќе се спроведе и во иднина во рамките на планот за намалување на загаденоста на воздухот, кој опфаќа серија мерки, како што се и субвенциите за приклучување на гасификациската мрежа во целиот град.

РЕПОРТЕР: АДНАН ЌАИЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни