Македонија

Слаб снег на Маврово, Стража и Попова Шапка, патиштата проодни

Слаб снег попладнево провејува во Маврово, на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка, но не се задржува на коловозот, информираат од јавното претпријатие „Македонија пат“.

Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

– Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од јавното претпријатие.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Герасимовски 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни