Македонија

Заев повторно се закани на опозицијата – Нема избори доколку се блокираат законите

Премиерот Зоран Заев повторно ги стави под знак прашалник изборите на 12 април за одржување на предвремени парламентари избори. Тој рече дека не би сакал да ги пролонгира истите, но доколку опозицијата ги блокира процесите на носење закони во Собранието, 12 април не е сигурен. Заев додаде дека не дозволува ниту една политичка партија поради лични интереси да ги блокира процедурите во Собрание.

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Заев работи на сценарио за откажување на изборите бидејќи се плаши да се соочи со народот.

Инаку 12 април е датумот за кога се договорени предвремените парламентарни избори помеѓу лидерите на партиите на средбата кај претседателот Пендаровски. До тогаш партиите треба да ги подготват програмите, кандидатските листи кои ќе им ги претстават на граѓаните кои треба да одлучат кому ќе му го доделат 4 годишниот мандат.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни